About us

Фирмата работи од 2009 година со назив ЕКАРТА ДООЕЛ Велес со примарна дејност интернет маркетинг – PPC реклами и кампањи на Google, професионална изработка на веб страни и хостирање.
Во 2010 генерално работевме веб дизајн и активиравме систем за PPC интернет рекламирање – Pronajdime.mk во соработка со уште една компанија, ПронајдиМе е во фаза на мирување и чека погоден момент за повторно активирање.
Во 2011 ја проширивме нашата работа:
– Нашата фирма е застапник за југо-источна Македонија за Артпик – агенција за заштита на интелектуална сопственост и авторска агенција.
– Активиравме сервис ВО.мк – SEO мерки за појавување на прва страна на Google.
Во 2012 ја проширивме дејноста во поглед на интернет рекламирањето:
– Тимот на ЕКАРТА започна со одржување на Facebook фан страни.
– Изработуваме Facebook апликации кои ја зголемуваат посетеноста на веб страната и го зголемуваат бројот на фанови на Facebook страната на Вашата компанија.
– Активиравме сервис за автоматизирано објавување на вести на Facebook страни и профили наречен AutoFB.
Нашето портфолио опфаќа изработки на над 30 веб страни, имаме регистрирано околу 40-тина домени, имаме хостирано повеќе од 50 веб страни на компании. Четири од нив ја користат услугата одржување на веб страна, две компании ни го препуштија комплетно маркетингот, а една ни даде ексклузивитет за интернет промоција надвор од Македонија, една компанија ни препушти изработка и менаџирање на онлајн шопинг центар. Дел од овие фирми можете да ги видите во делот портфолио на нашата страна www.ekarta.com.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published.