| Портал - Филм |
Магазинот Vanity Fair состави листа на најдобро платени актери и актерки во Холивуд за минатата година.
Деветнаесет годишната Ема Вотсон со заработка од 30 милиони долари е најдобро платената актерка, а славата и богатството го стекна исклучиво благодарение на серијалот за Хари Потер.
Ниту фактот дека Ема ја стопираше својата кариера за да се запише на факултет и да ужива во нормалниот живот, не успеа да ја спречи да се најде на врвот на листата на најдобро платени актерки.

Младата Британка заработила три милиони повеќе од Камерон Дијаз и шест од ѕвездата на Сексот и градот, Сара Џесика Паркер. Ема во моментов студира на американскиот универзитет на Rhode Island, a банковната сметка ја зголеми со рекламните договори, посебно за модната куќа Burberry. Исто така Ема ја лансираше својата модна линија People Tree која ги почитува правата на слободна трговија, така да во минатата година актерката заработи уште некое милионче кои Vanity Fair не го пресмета.

Нејзиниот колега од серијалот за младиот волшебник, Даниел Редклиф, уште еднаш потврди дека мажите многу подобро заработуваат од жените. Тој заработил 41 милион долари и се најде „само“ на шестото место. Сепак, неговиот успех е голем, бидејќи тој е прв актер на листата. Пред него се режисери и продуценти. Најголема заработка има режисерот на Transformers, Мајкл Беј со 78,12 милиони долари.
Превземено од www.idividi.com.mk
| < Пред | Следно > |
|---|







