| Портал - LifeStyle |
Играта со пропорциите, боите и материјалите е главна карактеристика на чантите од сезоната пролет/лето 2010.
Без разлика дали ги носите на рамо или пак во рака, сосема сигурно е дека добрата чанта ќе му даде несекојдневен печат на вашиот стајлинг.
Чанти со фалти, нитни и цветови
Оваа сезона се актуелни плик чантите изработени од мека кожа или некој друг материјал кој е во фалти. Чантите со мали фалти се препорачуваат за вечерни излегувања, додека оние со поголеми се резервирани за дневните излегувања. Љубителите на геометриските форми ова лето ќе може да се задоволат со чанти кои имаат едноставен облик со остри контури.

Специјално за дамите кои уживаат во деталите, Карл Лагерфелд за модната куќа „Шанел“ дизајнираше романтична колекција на чанти испреплетени со различни ткаенини и со плетени цветни детали кои можете да ги носите во различни прилики.
Што се однесува до нитните и другите метални детали, тие и понатаму остануваат актуелни , а што се однесува до боите, избирајте модели кои што имаат впечатлива боја.

Претстојната сезона ќе биде мошне интересна и за сите оние жени кои се љубители на големи чанти во кои што можат да носат сè и сешто. Марк Јакобс дизајнираше интересни чанти кои содржат крзнени опавчиња како импресивен моден детаљ. Жан Пол Готије пак се определи за модели кои се одраз на елеганција и функционалност. Тие се изработени од фина кожа и најчесто се украсени со каивчиња и мали копчиња.
Превземено од www.idividi.com.mk
| < Пред | Следно > |
|---|







