| Портал - Технологија |
Според последните податоци, секој петти корисник на интернет е жртва на сајбер напади кои се случуваат на секоја секунда.
Токму поради тоа е неопходно да го заштитите вашиот компјутер, а Symantec објави дека го има најдоброто решение. 
Најновата верзија на познатиот антивирус на Symantec, Norton 2010 нуди нов, револуционерен пристап во борбата против компјутерските напади. Norton Internet Security 2010 сега е достапeн и во Македонија во продавниците на T-Home.
Новата технологија вградена во споменатото сигурносно решение на Symantec се нарекува Quorum, која овозможува досега невидена детекција на сајбер нападите.
Зошто да одберете Norton интернет заштита?
- Нуди комплетна заштита на вашиот компјутер без потреба од инсталација на посебни програми за антивирус, антиспам или antispyware заштита.
- Нуди посигурна и постабилна заштита за разлика од нелиценцираните пиратски верзии на безбедносен софтвер.
- Го блокира и спречува крадењето на интернет идентитетот на корисникот.
- Ги заштитува вашите чувствителни информации и податоци (корисничко име, лозинка и сл.).
- Автоматски ги детектира и елиминира сите spyware, вируси и интернет црви (worms) и ве заштитува од хакери. Ги заштитува e-mail и chat (MSN, Yahoo messenger) пораките од вируси и спам.

Од Symantec исто така наведуваат дека Norton Internet Security 2010 е најдобро решение за заштита на вашиот компјутер и е далеку најефикасен антивирусен програм во светот.
Превземено од www.idividi.com.mk










