| Портал - Технологија |
Овој уред е наречен Paddle (UMPC Portal) и има сличен дизајн со iPad. На прв поглед изгледа помал од iPad, но сепак има малку поголем екран (10.7” наспроти 9.7”).
Иако од EviGroup сеуште немаат објавено хардверски детали, сепак Paddle се очекува да излезе во продажба по цена од 699 евра во април или јуни.
Paddle има 1.6 GHz Atom процесор и ќе работи на Windows 7 HP платформа, содржи webcam и додатна WiFi антена.
Сметаме дека единствената негативност на овој систем е издржливоста на батеријата, која веројатно нема да надмине четири часа, во споредба кај iPad издржливоста на батеријата е 10 часа, дури и многу поевтиниот iLet со цена од 120$ има 16 часа трајност на батеријата.
Превземено од www.kantar.mk










