| Портал - Занимливости |
Стабилна врска, која трае, е нешто што секој зрел човек го посакува. Секој сака покрај себе да има партнер на кој може да се потпре во секој момент.
На почетокот на врската се функционира совршено, но со текот на времето жените стануваат незадоволни, поставуваат премногу прашања и ја губат самодовербата. Започнуваат да го задушуваат партнерот. Тоа е почеток на криза во врската, а за тоа е виновна понежната половина.
И врските кои започнале совршено подоцна влегуваат во период на криза. Таа криза може да се преброди лесно, ако се потрудат двајцата партнери. Долгата врска не значи крај на романтиката и страсната љубов, уживајте во секој заеднички миг.

Гледано од женски агол работите изгледаат вака: жените сакаат да љубат и да бидат љубени, не сакаат никој да ги повреди и знаат што чувствуваат и во кој правец се развиваат нивните чувства.
Проблемот настанува кога жената го очекува истото од партнерот.
Она кое осигурува добра врска е сознанието дека машките реагираат поинаку од жените, жените треба да сфатат дека мажите немаат исти чувства и размислувања како нивните.

Мажите и жените се сосема различни, но нивниот спој е нешто без што не се може. Затоа партнерите треба да изградат врска во која двете страни ќе ги прифатат предностите и мааните на партнерот. На жените тоа им оди потешко.
Превземено од www.kantar.mk
| < Пред | Следно > |
|---|







