| Портал - Занимливости |
Нема сомнеж дека оригамите понекогаш знаат да бидат мошне тешки за изработка, но нештата се уште покомплицирани кога оригамите имаат милиметарска големина.

Најмалиот модел од колекцијата на Миу Линг Тех има висина од само три милиметри и за голото човечко око изгледа како мало парченце хартија. Сепак, благодарение на зумовите и на лупите, оваа навидум безлична хартија ја открива убавината на совршено изработено оригами.

Миу Линг Теџ, која е студент по архитектура, започнала да експериментира со оригами уште кога имала девет години користејќи салфетки. Од тогаш до сега таа создала илјадници минијатурни оригами, секој пат помали и помали од претходниот.

За да изработи едно оригами и се потребни само 20 минути, а прецизноста со која што ги изработува е беспрекорна.

-Оваа вештина дефинитивно бара многу трпение. Некои модели имаат потреба од повеќе трпение од други, особено кога се превиткува ново оригами кое што се прави за прв пат, истакнува Линг Тах.

Таа изработува календари со фотографии од нејзините дела, кои потоа ги продава и на тој начин си ги финансира студиите.
Превземено од www.idividi.com.mk
| < Пред | Следно > |
|---|







