| Портал - Здравје |
Научниците од Медицинскиот колеџ Алберт Ајнштајн од Њујорк се надеваат дека за три години ќе успеат да направат специјална таблета кое ќе им овозможи на луѓето да живеат и до 100 години без здравствени проблеми.
Голем чекор кон ова се случило откако научниците идентификувале три супер гени.

Луѓето кои се родени со овие три гени имаат големи шанси да живеа долго, а веројатноста дека ќе добијат Алцхајмерова болест се намалува за 80 отсто. Со вакви гени може да се очекува подолг животен век и кај луѓето кои имаат прекумерната тежина или се пушачи.
Американските научници работат на тоа да ја реплицираат шифрата на овие гени и да направат таблета, за која се надеваат дека ќе биде готова за три години.
- Пронаоѓањето на овие гени кои во себе ја имаат долговечноста ќе ни помогне да направиме апче кое ќе го имитара работењето на секој ген. Доколку успееме да го ископираме, тогаш луѓето ќе можат да ја доживеат стотата година, изјави др. Нир Барзлаи, пренесува Express.
Студијата опфатила група од 500 Евреи кои живеат во Њујорк, а во таа група имало значително голем број на 100 годишни луѓе. Тие биле избрани откако кај нив не биле пронајдени посебни генетски отисоци, а крвната слика им била чиста.
Иако третина имале проблеми со тежината и пушеле две кутии цигари дневно, сепак имале нешто заедничко, а тоа биле трите супергени.

Ова може да биде пресвртница во размислувањето на луѓето и гледањето на староста како на период во кој животот се гаси. Овој лек може да биде револуционерно откритие, кое на човекот ќе му овозможи да биде поздрав и поспособен во староста.
Превземено од www.idividi.com.mk
| < Пред | Следно > |
|---|







