| Портал - Здравје |
Американскиот педијатар, доктор Гари Смит, вели дека многу видови храна се едноставно опасни за деца - како грозје, пуканки, кренвиршли.
Особено последните.Врвот на кренвиршла е совршен затворач на душникот. Толку добро може да се заглави, што за неколку минути може да донесе смрт заради недостиг на кислород, вели доктор Смит од Детската болница во Охајо. Тој и други педијатри велат дека мора да има предупредувачки етикети на високоризични видови храна.
Всушност, Американската академија на педијатри бара производителите да ја променат формата и големината на опасната храна.
Од друга страна родителите може многу да сторат со сечење на оваа храна на мали парченца, или, како во случај со бомбони, семки, неварени моркови и цели зрна грозје - никогаш не треба да бидат давани на мали деца.
Превземено од www.idividi.com.mk
| < Пред | Следно > |
|---|







